По Албанија и БиХ одби да прифати бегалски кампови
Објавено во: Балкан 28 Јуни, 2018
По примерот на Албанија и БиХ одби да прифати изградба на бегалски кампови во својата земја и тоа отворено одбивајќи ја идејата на Брисел за отворање на прифатилишта надвор од ЕУ зоната.
Од друга страна, Европската комисија одби да финансира отворање на камп во Босна со изговор дека местото на кој бил планиран е преблиску до границата со Хрватска, која е дел од Европската Унија и која може да биде на мета на мигрантите.
Албанскиот премиер Еди Рама вчера одлучно одби да прифати изградба на кампови во земјата иако во меѓувреме дел од германските медиуми јавуваат дека тој не го прифатил договорот дури ни по цена Албанија да влезе во ЕУ.
Неизвесно е како лидерите ќе се договорат за реформите за мигрантска политика за земјите кои се надвор од ЕУ. Во меѓувреме, германската канцеларка Ангела Меркел оствари средба со шпанскиот премиер Педро Санчез, на која беше разгледана идејата за отворање на кампови во Шпанија и со тоа да се спречи приливот на мигранти од Африка.
Тоа што лидерите на ЕУ ги загрижува се тешките економски и социјални последици од мигрантскиот бран и барањето на заедничко решение за овој проблем.