ПО АПСЕЊЕТО НА КОСОВО: Полицајците изгубиле важен документ кој граѓаните го нашле
Објавено во: Балкан 29 Мај, 2019
При вчерашната акција на косовската полиција на северот на Косово, специјалците направиле катастрофален пропуст заборавајќи зад себе таен документ со детали од оперативен план за акција во кој покрај имињата на осомничените се наведени и имиња на полицајците што учествувале во акцијата за нивно приведување.
Информацијата ја пренесе српскиот весник „Вечерње Новости“, наведувајќи дека доверливите документи ги нашле граѓаните.
Имало фотографии и лични податоци за Србите во Косовска Митровица, Лепосавиќ и Зубин Поток, што биле на мета на полициските специјалци.
Како што додава „Вечерње Новости“, овие доверливи документи јасно укажуваат дека не станува збор за полициска акција за борба против корупцијата и криминалот како што соопшти косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.