По циклонот Идаи илјадници луѓе чекаат помош на покривите
Објавено во: Свет 21 Март, 2019
Поради циклонот Идаи, кој ги погоди Мозамбик, Малави и Зимбабве, илјадници луѓе и понатаму се заробени, а многумина се качуваат на покривите и дрвјата за да преживеат, пренесуваат светските медиуми.
Најмалку 500 лица се исчезнати во Чиманимани, а само во Мозамбик загинаа најмалку 217 лица. Околу 3.000 лица се спасени, а 15.000 уште чекаат да пристигне помошта.
Циклон пред една седмица го погоди Мозамбик, а по исчезнатите сѐ уште се трага. Спасувачите имаат тешкотии на преживеаните да им достават вода и храна.