ПО ДИВЈАШТВОТО: Во српското Собрание денес повторно расправа за Косово

Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2023
На седницата во четвртокот беше презентиран Извештајот за преговарачкиот процес со Косово, а дискусијата беше проследена со инциденти и остра реторика.
Во петок во 11 часот пратениците во српското Собрание ќе ја продолжат расправата за прашањето за преговорите со Косово, а на седницата повторно ќе присуствува претседателот на државата Александар Вучиќ.
На почетокот на седницата во четвртокот беше презентиран Извештајот за преговарачкиот процес со Косово, а дискусијата беше проследена со инциденти и остра реторика.
Извештајот формално до претставниците беше доставен од Владата на Србија, Канцеларијата за Косово и Канцеларијата за координативни прашања во преговарачкиот процес со Косово.
Инцидент со кошкање во парламентот
Атмосферата на седницата во еден дел прерасна во инцидент со претставниците на мнозинството на Српската напредна странка (СНС), откако пратениците од опозицијата станаа и извикуваа „Предавство, предавство!“ и „Косово нема да го дадеме! го прекина говорот на Вучиќ, а пристигна собраниското обезбедување.
По остра дискусија меѓу Вучиќ и дел од опозицијата, група пратеници барајќи оставка на претседателот ја блокираа работата на парламентот.
Тие побараа да и се дозволи на опозицијата да зборува, повикувајќи се на прекршување на Деловникот.
Бидејќи не биле задоволни тргнале кон местото каде што седел Вучиќ.
После тоа, тензиите меѓу делот од опозицијата и претставниците на владејачкото мнозинство стивнаа и седницата продолжи.
Вучиќ презентираше план за политиката на Србија во наредниот период, но зборуваше и за француско-германскиот план за решавање на косовското прашање.
Можно воведување санкции кон Србија
Тој во своето обраќање во Собранието рече дека за Србија најопасна точка од европскиот предлог е дека „Србија нема да се противи на членството на Косово во меѓународните институции“.
За време на расправата во парламентот, Вучиќ рече дека Србија можеби ќе треба да воведе санкции кон Русија.
Во исто време, пред Народното собрание во Белград се собраа околу стотина граѓани кои се против потпишување на каков било договор што ќе доведе до признавање на независноста на Косово.
Можеби ќе ве интересира
Анализа на отпадни води утврди дека во Загреб помалку се конзумира кокаин

ВИДЕО: ПЕНЗИОНЕРИ СЕ ТЕПАА ЗА ЌЕБАПИ ВО СУПЕРМАРКЕТ: Една баба легна да го брани фрижидерот, морало да интервенира обезбедувањето!

МОНСТРУМОТ УРОШ ТРИ ДЕНА СЕ КРИЕЛ КАЈ ПРИЈАТЕЛ: Еве како е уапсен таткото на „детето од када“

КРИПТОКРАЛОТ ОСНОВАЛ ФИРМА ВО СРБИЈА ЗА 100 ДИНАРИ: Еве што сакал да работи на Балканот!

ХАОС НА ЦРНОГОРСКА ТЕЛЕВИЗИЈА - гостинот викаше дека Ѓукановиќ мора да победи, па потоа ги вреѓаше сите во студиото
БРЗА ЖЕЛЕЗНИЦА НИЗ РЕГИОНОТ: Покана ќе добие и Македонија!

ЕВЕ КАКВИ ИЗМАМИ ПРАВАТ ПРОДАВАЧИТЕ НА ДРВА: Крадат на кубикажа, граѓаните купуваат воздух!

ЦЕЛА БУГАРИЈА НА НОЗЕ: Фрчат дојави за бомби од сите страни,на само пет дена пред избори

КРОАЦИЈА ЕРЛАЈНС ВОВЕДУВА НОВА ПОНУДА ВО СИТЕ СВОИ АВИОНИ - еве за каква новина се работи
