По два дена го извадија жив од под рушевини
Објавено во: Балкан 08 Февруари, 2019
Спасувачите во Истанбул извадија 16-годишен тинејџер од рушевините на зградата која се урна пред два дена. Ова го соопшти турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Солју.
Тинејџерот веднаш е хоспитализиран, но нема информации за неговата здравствена состојба. Бројот на луѓе кои што се извлечени од рушевините се искачи на 14, а најдени се и телата на 11 жртви.
Зградата имала 14 станови и 43 станари. Уште не е познато зошто дошло до уривање.