По кадата, пронајдени и плочките од реновирањето на дното на Охридско езеро
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2019
Фото: Акватек
По фамозната када која беше пронајдена на дното на Охридското езеро на 100 метри оддалеченост од брегот, на истата локација извадена е и вреќа со градежни плочки, а нуркачкиот клуб претпоставува дека се работи за санитарни реквизити од истото реновирање на несовесниот граѓанин.
Градежниот шут бил извлечен изминатиов викенд од членот на нуркачкит центар „Акватек“, Никола Паскали. Вреќата со плочки која уште минатата година беше лоцирана на дното од езерото.
Кадата и шутот се уште стојат на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чекаат да бидат подигнати.