25 Април, 2024
0.0909

По колку пари ќе добијат избраните фирми од Владата и за што

Објавено во: Економија 01 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Да произвеле повеќе, да купувале нови машини, да имаат раст на приходите од дејноста, но и да не отпушатле вработени. Владата дава пари на домашни компании ако исполнуваат услови – пропишани се во Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Секоја фирма може да добиде помош во сума која не надминува половина од висината на реализираните оправдани трошоци. Според законот, пари може да добијат само фирми кои произведуваат и кои оствариле раст на приходите од дејноста. Основ за поддршка се и новите вработувања, а фримата која добива апри не смее да отпушатала работници во псоледната година. Владата вчера објави дека ги разгледала информациите за склучување договор за помош на повеќе од 100 компании. Финансиската подршка се доделува за инвестиции и подобрување на конкурентноста, а се исплаќа во тековната година за позитивни деловни резултати од претходната година.

Според законот фирмите може да добијат пари за инвестиции, за конкурентност и за нови вработувања.

„Деловен субјект кој ќе исплаќа континуирано месечна нето плата која е најмалку за 50% повисока од минималнатата нето плата предвидена со Законот за минимална плата има право на финансиска поддршка во износ од 20 отсто од исплатената месечна нето плата за секое ново вработување во текот на претходната година. Максималниот годишен износ на финансиската поддршка кој може да се додели за едно ново вработување изнесува 4.400 евра“, стои во Законот.

Пари може да добијат и фирмите кои имаат соработка со фирми од земјава а функционираат во зоните. Финансиската поддршка е 1 отсто од вредноста на вкупно извршените набавки под услов 15% од вкупниот производен инпут во претходната година, да биде извршен од добавувачи регистрирани во Република Македонија, ама најмногу до 300.000 евра.

Право на поддршка имаат и фирми кои иновираат, истражуваат и вложуваат во технолошки развој. Финансиската поддршка на овој член изнесува до 50 % од вкупните оправдани трошоци за индустриско истражување по корисник од кои 30% се доделуваат за инвестициски трошоци. ПОмошта не смее да надмине 1.000.000 евра по проект за кој се генерирани инвестициски трошоци.

Се финансираат и инвестициски проекти од значаен економски интерес за Македонија или  инвестиција од најмалку 4.000.000 евра и најмалку 300 нови работни места; или - инвестиција од најмалку 20.000.000 евра.

Финансиската поддршка за инвестициски проекти од значаен економски интерес за Република Македонија се состои од

- Ослободување од плаќање (алтернативно поврат на платен) персонален данок на доход од платите на вработени државјани на Република Македонија;

 - Ослободување од плаќање (алтернативно поврат на платен) данок на добивка;

- парични средства во износ до 10% од реализираниот износ на инвестицијата (материјални и нематеријални средства) предвиден со договор, но не повеќе од 1.000.000 евра.

 - парични средства во износ од 2.000 евра за секој вработен за кој е исплатена нето плата од најмалку 18.000 денари за деловен субјект кој вработува до 300 лица;

- парични средства во износ од 3.000 евра за секој вработен за кој е исплатена нето плата од најмалку 18.000 денари за деловен субјект само за делот на вработените од 301 до 500 лица;

 - парични средства во износ од 3.500 евра за секој вработен за кој е исплатена нето плата од најмалку 18.000 денари за деловен субјект само за делот на вработените од 501 - 1000 лица;

- парични средства во износ од 4.000 евра за секој вработен за кој е исплатена нето плата од најмалку 18.000 денари за деловен субјект само за делот на вработените од 1001 - 2000 лица, стои во Законот.

Фактор ја објави листата со одбрани фирми со кои треба да се потпише договор. Тие треба да достават и потпишана изјава за конфликт на интереси.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија