19 Април, 2024
0.0589

ПО МЕДИУМСКАТА БУРА, СЕ ЈАВИ СДСМ: Еве што порачаа

Објавено во: Македонија 06 Август, 2020

Добивај вести на Viber

По вчерашната медиумска бура што ја предизвика информацијата дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се пред договор за формирање Влада, утрово и официјално се огласија социјалдемократите. 

Но, наспроти неофицијалните изјави што ги даваат нивни функционери дека тие сигурно имаат обезбедено мнозинство за формирање влада, во официјалната објава на својот сајт велат дека водат сериозни преговори. 

А во нивното соопштение, меѓу редови се читаат и пораки кои веројатно ќе ги препознае оној кому му се наменети.

„СДСМ води сериозни преговори за формирање на влада со полн четиригодишен мандат, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот, на која еден од главните приоритети ќе и биде борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа.

Задача на новата влада е да обезбеди ред и дисциплина во сите институции и да расчисти со криминалот и корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат.

Заеднички ќе биде договорен систем за проверка на потеклото на парите и на капиталот кај секој функционер. За раководителите кај кои е утврдено нечесно работење следуваат санкции.

Тие што во име на граѓаните водат институции, мора да бидат отчетни, транспарентни и чесни и затоа воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт.

Корупцијата е непријател на граѓаните и на институциите и затоа граѓаните на изборите на 15 јули ни дадоа мандат да се избориме со криминалот и корупцијата на сите нивоa“, пишуваат од СДСМ.

Додаваат дека во следниот, четиригодишен мандат, ќе покажат дека можат уште повеќе и уште подобро да работат во интерес на граѓаните, што упатува на тоа дека се сигурни дека тие ќе ја формираат новата влада во земјава.

Следните неколку дена ќе бидат преудни за тоа кој во следните четири години ќе ја предводи државата.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени