ПО НАЈАВИТЕ ЗА ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА ФЕЈСБУК: Акциите во пад, Марк Закерберг изгуби над 3 милијарди долари
Објавено во: Свет 13 Јануари, 2018
По информациите дека Фејсбук наскоро на глобално ниво ќе го промени начинот на прикажување вести и на сите во светот ќе им воведе раздвоен News и Explore Feed, акциите на таа компанија паднаа за повеќе од 4 отсто.
Потсетуваме, Марк Закерберг на својата фејсбук страна објасни дека наместо постови од страници таа социјална мрежа ќе нагласува содржина која ќе поттикнува разговор помеѓу семејствата и пријателите. Фејсбук призна дека од сега објавите на Фејсбук страниците помалку ќе се истакнуваат, а промените ќе стапат на сила во наредните недели.
-Добиме повратни информации од нашите заедници дека јавната содржина-постови кои промовираат нечиј бизнис, брендови и медиуми-ги преплавуваат личните моменти кои не доведуваат до тоа повеќе да се зближуваме-напишал и додал дека тој и неговиот тим чувствувале осговорност бидејќи Фејсбук е пред се тука заради доброто на човештвото.