10 Јули, 2020
0.0246

По најмногу 15 деца во група и ќе седат на два метри оддалеченост: Како ќе работат градинките?

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2020

Градинките ќе се дезинфецираат пред да бидат отворени, а насекаде во објектите ќе има поставени заштитна опрема и дезинфекција. Донесени се протоколите за работата на градинките.

Да се дезинфицираат прекидачите, кваки на вратите, мијалници, масите, столови на секои два часа во текот на денот. Да се бришат во текот на денот повеќе пати подовите во објектот, а теписоните каде што постои можност да се отстранат. Активностите во дворот да се реализираат така што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца во исто време. Да се направи распоред за прием на децата по воспитна група и да има 10 минути период за прием помеѓу воспитните групи доколку влегуваат на исти влез, стои во протоклите.

Се предвидува да се одбележи пред секој влез на објектите растојание од два метра за родители при предавање на деца (само еден родител кој носи заштитна маска). Задолжително ќе се мери температура со бесконтактен термометар на вработените при влегување во установа и воведување на задолжително миење на рацете или дезинфекција, но и на децата при прием. 


  • Да се обезбеди растојание од 1,5 - 2 метри меѓу масите за седење на децата.
  • Да се обезбеди креветче и по две постелнина за секое дете.
  • Вработените задолжително да носат заштитни маски на своите работни места.
  • Да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти.
  • Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 6 деца и двајца вработени во смена.
  • Воспитните групи за деца од З до 10 годишна возраст да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена.
  • Секој родител да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.
  • Да се организира престојот на децата на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделни простории) во согласност со можностите, а игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено, во мали групи.
  • Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории.
  • Лицата кои доставуваат храна задолжително да носат заштитни маски и ракавици, храната за децата да се остава пред занималната, а децата да јадат во својата занимална со претходно направена дезинфекција на масите.
  • Установата да обезбеди потврда од родителот/е дека работните задачи задолжително мора да ги извршува/ат на работното место, без можност за работа од дома.

ВОСПИТНО /ЗГРИЖУВАЧКИОТ КАДАР

  • Секој вработен мора да носи задолжително лична заштитна опрема (маска) кога е на работно место.
  • Практикување на често миење на рацете и посебно внимание да се посвети на потребата од засилени хигиенски мерки во случај на миење, хранење, држење во рацете на децата.
  • При јадење не дозволувајте децата да споделуваат храна едни со други.
  • Не користете играчки што не се перат и дезинфицираат, особено меки играчки (платнени, плишани) истите да се отстранат од групите-занималните.
  • Да се разделуваат играчки помеѓу воспитни групи и деца пред да се измијат и дезинфицираат. Да се воспостави јасна постапка за миење, дезинфекција и отстранување на чиста и „валкана” користена играчка за да се спречи вкрстувањето.
  • Да се воведе задолжително миење на рацете на деца при прием и почести миења во текот на денот, а задолжително после кивање, кашлање, плачење, пред и после консумирање храна и одење во тоалет.
  • Да се воведе задолжителен надзор на децата при миење на рацете.
  • Кога се менуваат пелени во помалите групи, строго да се почитува постапката за одржување на хигиената на рацете пред и после менувањето и отстранување на пелени. После промена на пелена, да се направи миење на рацете на детето, како и миење и дезинфекција на површини и конечно миење на рацете по постапката.
  • Кога се користат средства за дезинфекција, да се земе во предвид правилната примена во согласност со упатствата на производителот во врска со целта, концентрацијата, начинот на употреба и потребното време за контакт.
  • Средствата за дезинфекција да се чуваат надвор од дофат на децата.
  • Редовно, во согласност со временските услови да се отворат прозорците, особено во просториите за деца. Да не се користи вештачка вентилација.
  • Пасивен одмор да се организира спиењето така што децата да бидат поставени на креветите според принципот „нозе глава“ со препорачано растојание од 1,5 - 2м. Обезбедете единечни кревети и постелнина за секое дете и истите да бидат обележени со име на детето и строго да се води грижа да не се мешаат.
  • Да се спроведат засилени воспитни активности со деца, со цел да се олесни разбирањето и усвојувањето на новите правила за заштита од вирусите и да се создаваат навики кај децата за лична хигиена, за важноста на често и правилно миење на рацете (минимум 20 секунди - на пример со песна), кашлање и кивање во подлактицата за просторна дистанца за која треба да се размислува преку игра на деца - да се стават да седат на растојание едни од други - на пример да вежбаат да ги истегнуваат рацете и да ги мавтаат со крилјата за да не се допираат, да избегнуваат да го допираат Лицето и др.
  • Да се контролираат причините за отсуство на деца, да се контактираат родителите, а доколку е потребно и со матичниот педијатар или лекар од надлежниот центар за јавно здравје.
  • Да не се спроведуваат организирани групни активности во објектот (настани, итн.), како и организирана посета на места каде што се очекува да се соберат голем број на луѓе (кина, театри и слично)

Можеби ќе ве интересира

Колев за Фактор: Ќе ги намалиме даноците и придонесите, следува „ресет“ на системот

Колев за Фактор: Ќе ги намалиме даноците и придонесите, следува „ресет“ на системот

Интервју Димитров: Ревизорите се прва порта за странските инвеститори

Интервју Димитров: Ревизорите се прва порта за странските инвеститори

Богојески: Изминативе 30 години се изнаслушавме безброј лажни ветувања од левичарите и десничарите

Богојески: Изминативе 30 години се изнаслушавме безброј лажни ветувања од левичарите и десничарите

Силјановска Давкова: Ни економија, ни образование нема ако нема костур наречен владеење на правото

Силјановска Давкова: Ни економија, ни образование нема ако нема костур наречен владеење на правото

Укинување на кабинетите на сите 7 министри без ресор, најави Заев

Укинување на кабинетите на сите 7 министри без ресор, најави Заев

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kaмпањата влегува во финишот, денес имаме 168 нови заболени од Ковид -19

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kaмпањата влегува во финишот, денес имаме 168 нови заболени од Ковид -19

ДА НЕ СЕ ПАТУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Белгија воведе забрана затоа што кај нас бројот на заболени расте

ДА НЕ СЕ ПАТУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Белгија воведе забрана затоа што кај нас бројот на заболени расте

Колку од лицата кои се во изолација ќе гласаат?

Колку од лицата кои се во изолација ќе гласаат?

ЕДНИОТ БИЛ ЗАРАЗЕН: Двајца турски државјани со чаршаф избегале од хотел државен карантин

ЕДНИОТ БИЛ ЗАРАЗЕН: Двајца турски државјани со чаршаф избегале од хотел државен карантин