20 Април, 2024
0.0315

ПО НАПАДОТ ВО КОЈ ЗАГИНАА 9 ЛУЃЕ - Германија стравува од екстремната десница

Објавено во: Свет 22 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Безбедносната закана од екстремната десница е мошне висока во Германија, вели министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер по расистичкиот напад во Ханау, во кој се убиени девет лица.

„Ќе го засилиме надзорот на деликатните места, особено во џамиите, како и на аеродромите“, рече министерот на конференцијата за новинарите во Берлин.

Четириесетгодишен Германец во средата уби девет луѓе со емигрантско потекло во месноста Ханау кај Франкфурт пред да ја убие својата мајка и себеси. Напаѓачот, идентификуван како Тобијас Р., остави зад себе повеќе текстови и видеоснимки во кои застапува расистички погледи и тврди дека од раѓање бил под надзор.

Германската министерка за правда Кристин Ламбрехт вети дека владата детално ќе разгледа како може екстремистите легално да поседуваат оружје како што бил случајот со напаѓачот во Ханау. Таа кажа дека насилството на екстремната десница сега претставува главна опасност за германската демократија, не само поради бројот на осомничените, туку и поради интензитетот на нивната решителност.

Зехофер кажа дека одбива да се „релативизира“ расистичката мотивација на осомничениот во Ханау, кој се уби, затоа што во текстот од 24 страници покажал стари чувства на прогонување и развива теорија на заговор. Изгледа дека Тобијас Р. дејствувал самостојно, како и човекот што уби две лица во октомври во Хале по обидот за напад пред синагогата. Двајцата министри ја истакнаа тешкотијата да се детектираат осомничените.

„Околу половина од луѓето што презеле некакво дело не ѝ се познати на полицијата“, рече шефот на криминалната полиција Холгер Мунк.

Германија неодамна ја засили контролата на оружјето, а во средата владата усвои нови мерки за полесно забележување на заканите на екстремната десница преку интернет и потешки казни. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?