По настанот со искасаното дете, Алијанса за Албанците обвини дека Тетово е опасно место за живеење
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2021
Тетово стана опасно место за живеење, велат од Алијансата за Албанците.
Ова го соопштија на прес - конференција по настанот со петгодишното дете од Мала Речица, повредено од кучиња скитници. Од партијата, прстот го вперија кон локалната и централната власт, и нивното лошо менаџирање.
„И ако ги прашате за овој случај, тие повтортно ќе го третираат како инцидент, судбина или природна катастрофа. За да ова не биде доволно, кога детето било пратено во болница, кажано им е дека немаат вакцини против беснило, последователно семејството било приморано да заминат за Скопје, во тамошниот клинички центар. Градот Тетово, не само што не е безбеден за живеење, нема ниту ефикасно здравство за да помогне. Нема безбедни училишта, исто така од неодамна сме сведоци дека во опасност се и куќите, дворовите и населбите. И после сето ова, ние не можеме да бараме одговорност од тие што не поднесоа одговорност ниту за 14-те изгубени животи“, изјави Абдула Османи од Алијанса за Албанците.Детето било искасано по целото тело.