По недоразбирање, нападната е вработена во комплексот клиники „Мајка Тереза“
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2021
Вработена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ пријавила дека била нападната.
Во СВР Скопје, вчера во 17.30 часот, В.Д.(37) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот пред една од клиниките на комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде била вработена, по завршување на работното време и по претходно недоразбирање физички ја нападнал К.К.
Од полицијата информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.