ПО ОМИКРОН, СТРАВ ОД НОВИ ФОРМИ НА КОВИД 19: Има „глобален резервоар“ што му овозможува на вирусот дополнителни мутации
Објавено во: Свет 24 Јануари, 2022
Светската здравствена организација предупредува дека три
милијарди невакцинирани луѓе во светот се „глобален резервоар“ што ќе му
овозможи на вирусот да направи дополнителни мутации.
Високиот функционер на Светската здравствена организација, Марија ван Керхове, ги предупреди земјите кои мислат дека ставиле крај на пандемијата бидејќи бележат пад на бројот на новозаразени, дека омикрон не е последната варијанта на корона вирусот.
Таа истакна дека има уште три милијарди луѓе кои ја чекаат првата доза од вакцината против Ковид 19, и како што рече, тие се „глобален резервоар“ што може да му овозможи на вирусот да направи дополнителни мутации.
Тезата презентирана од Ван Керхове е поткрепена со информацијата дека подваријантата на сојот омикрон, означена како BA.2, брзо се шири на северот на Европа. Засега значително ги зафати Норвешка, Шведска и Велика Британија, а е откриен и во Австрија, Индија и Сингапур. Во Данска, подваријантата BA.2 го потисна основниот вид и стана доминантен - во последната недела од минатата година, 20 отсто од позитивните од коронавирус беа заразени со мутиран омикрон, а дури 45 отсто во втората недела од 2022 година.