По повисоки цени возачите ќе полнат бензин и дизел од полноќ
Објавено во: Економија 15 Јули, 2019
Понеделнички
Регулаторната комисија за енегетика одлучува дали ќе се зголемат или намалат
цените на горивата во земјава.
Регулаторна денес одлучи бензините да поскапат за 1,5 денари, а дизелот и екстра лесното гориво да имат поскапа цена за еден денар.
По полноќ, возачите ако точат ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе го платат 70,50 денари за еден литар, додека ЕУРОСУПЕР БС- 98 ќе го точат за цена од 72,50 денари за литар.
Дизелот од полноќ ќе се продава по цена од 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за 51,50 денари за еден литар.
Исто така и цената на мазутот од ноќеска по полноќ ќе се зголеми и ќе се продава за 36,081 денар.