ПО ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ: Еве како ќе се точат бензини и дизел
Објавено во: Економија 27 Јануари, 2020
Половина денари поевтино ќе се точат во следните седум дена бензините, додека пак дизелот на бензинските пумпи ширум државата ќе се продава поевтино за еден денар.
Ова станува јасно од одлуката на РКЕ донесена напладне.
Тоа значи дека Еуросупер БС-95 ќе се точи за 67,50 денари за литар, а Еуросупер БС 98 ќе чини за 69,50 денари за литар.
60 денари за литар ќе чини Еуродизелот а 49 денари Екстра лесното масло за домаќинство
36,395 денари за килограм ќе изнесува цената на мазутот во неделава која е пред нас.