20 Април, 2024
0.0296

ПО ПОНУДАТА ОД ВМРО ДПМНЕ: Заев смета дека Мицковски со изјавите го копира Груевски

Објавено во: Македонија 12 Март, 2018

Добивај вести на Viber

По понудената поддршка која лидерот на ВМРО ДПМНЕ му ја упати на премиерот само за да се откаже од законот за јазици, Заев вели дека пораките на Мицковски се копи пејст на Никола Груевски.

Премиерот одговарајќи на новинарско прашање, искоментира дека пораките од првиот опозиционер се копи пејст на изјавите на екс лидерот Груевски.

Неделава ќе биде пресудна за Законот за јазици, а со прашања како што e тој закон Заев вели дека  се поддржува мултиетничноста на државата и со него ќе се затвори Охридскиот договор.

Од ВМРО ДПМНЕ денеска пак велат дека СДСМ прави трајна и непоправлива штета на Република Македонија со насилното носење на неуставниот закон за јазици. Оттаму потенцираат дека насилното носење на законот за јазици може да ја втурне државата во уште поголема криза.

„Ќе се испрати порака дека процедурата и законите не важат кога постои сила. Правото да се предлагаат амандмани за подобрување на законите ако се погази еднаш ќе се гази и во иднина, а така веќе нема демократија. Овој закон не носи придобивки за граѓаните, туку само нови проблеми. Дополнително овој закон ја носи државата и граѓаните кон нови поделби кои ние не ги посакуваме“, стои во партиското соопштение.

Зошто СДСМ од старт ја изгоре идејата за широка влада за „национален спас“?

Од СДСМ ескпресно и без многу политичко тактизирање ја изгореа идејата за формирање на широка влада за „национален спас“ во која заедно со ВМРО-ДПМНЕ би донеле многу важни и клучни одлуки за иднината на Република Македонија. Првиот опозиционер Христијан Мицкоски понуди поддршка за владата на Зоран Заев доколку тој навистина е реформатор како што сака да се прикажува и ако е уценет од страна на ДУИ со носење на еден контроверзен Закон за употреба јазиците со повеќе членови кои се во колизија со Уставот за кои се уште нема ни оценка од Венецијанската комисија.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители