По потопот Србија парализирана
Објавено во: Балкан 09 Јули, 2018
Во српската престолнина Белград се создадени реки низ улиците. Додека водата не се повлече, некои патишта се недостапни за возачите, а некои од нив велат дека моментално чамец е многу покорисен отколку автомобил.
Вонредна ситуација моментално е во сила на територијата на Чачак и 10 општини: на целата територија на општината Аранѓеловац и општина Ивањица, како и на делови од територијата на општините Горњи Милановац, Прибој, Лиг, Рашка, Погега, Смедеревска Паланка, Велика Плана и Косјериќ.