По пожарот, земјотрес на грчки остров
Објавено во: Балкан 16 Септември, 2019
Грчкиот остров Закинтос денеска го стресе земјотрес со јачина од 3.9 степени.
Според Геодинамичкиот институт на грчката Национална опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил во морскиот дел, североисточно од Закинтос.
Инаку, големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на Закинтос сè уште е надвор од контрола, а пожарникарите цела ноќ се борат со огнот. Во гаснењето на огнот уште од утрината учествувааат и авиони.