25 Април, 2024
0.0305

ПО ПРИМАЊЕТО НА СПУТНИК НЕМА ЗГРУТЧУВАЊЕ КАКО ШТО ИМАШЕ СЛУЧАИ ПОСЛЕ АСТРАЗЕНЕКА - Лавров демантира дека Русија ја украла формулата

Објавено во: Свет 13 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги демантираше тврдењата на британските медиуми дека руски шпиони го украле нацртот на британската вакцина на Астра Зенека, нагласувајќи дека таквите наводи се без основа и покритие.

Таблоидот Сан на 10 октомври објави статија, во која се тврди дека руски шпиони ја „украле” формулата за вакцина, развиена од британско-шведската компанија Астра Зенека, со цел да се направи руската вакцина Спутник В.

Медиумот во својот краток текст се повикува на неименувани безбедносни извори.

„Што се однесува до нашите британски и други западни партнери, мислам дека ниту еден од нив нема сериозно да ги сфати овие неосновани тврдења. Од порано слушаме многу неосновани обвинувања“, истакна Лавров вчера на прес-конференција во казахстанскиот главен град Нур-Султан, а пренесува МИА.

Иако има извештаи за ретки несакани ефекти од вакцината на Астра Зенека, каде што неколку луѓе добиле згрутчување на крвта по имунизацијата, а „такви случаи не се забележани по примањето на вакцината Спутник В, нагласи рускиот министер за надворешни работи.

Спорот се случува во момент кога Велика Британија и Русија се на спротивни страни во кампањите за вакцинација.

Околу 85 проценти од Британците на возраст над 12 години примиле прва доза на вакцина против Ковид-19, додека речиси 80 ​​проценти се ревакцинирани. Од друга страна, само 33 проценти од населението во Русија е имунизирано.

Можеби ќе ве интересира

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции