24 Април, 2024
0.0297

По референдумот, на партиски конгрес ќе се бара оставка од Мицкоски!?

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Фракционерските движења во ВМРО-ДПМНЕ незадоволни од нејасниот став и правецот по кој се движи партијата, по референдумот на 30 септември ќе побараат вонреден конгрес на кој ќе се очекува оставка од лидерот Христијан Мицкоски, дознава Слободен Печат од високи партиски извори.

Лидерот Христијан Мицкоски ќе мора да се прости од претседателската функција само неколку денови по одржувањето на референдумот за името, тврдат високи извори од опозицијата. На конгресот наедно би се оставила и можност за избор на негов наследник.

Според информациите на кои се повикува весникот, во партијата веќе се формирала „алијанса“ помеѓу реформаторите и четворица влијателни пратеници, чија цел е да се направат итни промени во функционирањето на раководството, бидејќи сметаат дека со „ваквото работење може лесно да се случи партијата целосно да пропадне во политичкиот амбис од кој повеќе нема враќање“.

– Не можете ни да претпоставите што точно се случува внатре во партијата. Едни влечат на една, други на друга страна, а само лидерот Мицкоски стои во место и сè уште нема изградено сопствен став за хаосот околу него. Но, на сето тоа ќе му се стави крај веднаш по референдумот, бидејќи од неодамна во партијата се формираше една многу силна формација сочинета од реформаторите и од пратениците, која е цврсто решена да направи сериозни промени во раководството со цел да се спаси партијата од целосен распад. Точно е дека четворица пратеници му свртеа грб на лидерот, но тој сè уште не е свесен, бидејќи токму тие пратеници во моментов се најтивки и незабележливи. Тие само го чекаат вистинскиот момент за да ги покажат забите – ги цитира „Слободен печат“ изјавите на своите извори.

Политичките аналитичари, пак, предупредуваат дека ситуацијата во ВМРО-ДПМНЕ може да ескалира за многу скоро време, а како што предвидуваат, страшни поделби и фракции во опозицијата можат да се случат и во деновиве пред одржувањето на референдумот.

И поранешниот министер за здравство и член на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, предупреди дека не треба да се бојкотира претстојниот референдум за името, оти како што рече, токму од тоа зависи иднината на партијата која наскоро би можела да се распадне.

– Ако не излеземе на гласање, тогаш ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно ќе се соочи со големи проблеми на идните избори затоа што ќе нема со кого да коалицира дури и да победи. Не сакам да се распадне партијата во која целиот се вложив и од дете сум токму во ВМРО-ДПМНЕ – порача Тодоров.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП