По силниот земјотрес уште осум потреси близу Атина
Објавено во: Балкан 19 Јули, 2019
По силниот земјотрес со јачина над 5 степени кој ја потресе грчката престолнина, регистрирани се уште осум потреси близу Атина.
Се работи за послаби потреси од 2.6, 3.2, 2.7, 2.5, 3.6 и 4.2 степени.
Грците денеска беа принудени да излезат на улица откако ги исплаши силен земјотрес.
Министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис ја следи ситуацијата од Центарот за операции на грчката противпожарна служба, припадници на полицијата и противпожарната служба се на терен доколку е потребно да им пружат помош на граѓаните, хеликоптер „Супер пума“ ги надлетува населбите во западниот дел на регионот Атика.