ПО СТАПКИТЕ НА САД: Европа и „удри шамар“ на Русија со само еден потег
Објавено во: Економија 13 Декември, 2018
Членовите на Европскиот парламент усвоиле резолуција со која се осудива изградбата на гасоводот „Северен тек 2“.
Резолуцијата е донесена бидејќи, како што е соопштено, се работи за политички проект кој претставува закана за европската безбедност и по напорите на ЕУ да ги диверзификува изворите за снабдевање со енергија.
-Европскиот парламент бара проектот да биде откажан-стои во резолуцијата.
Европските пратеници меѓудругото, ја пофалиле Украина, поради, како велат добрата соработка во енергетскиот сектор и нејзини достигнувања во областа на енергетската ефикасност и обновливи извори, јно исто така порачале дека мора да продолжи со реформи, посебно на пазарот на гас и електрична енергија.