20 Април, 2024
0.0274

По убиството во Лисиче од Хелсиншки бараат сторителот да биде казнет соодветно

Објавено во: Македонија 15 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Институциите сериозно да работат на превенција на делата од омраза, побараа од Хелсиншкиот комитет по убиството кое се случи  во Лисиче. 

„Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува жалење за прерано загубениот живот на Никола Христовски и ги повикува надлежните институции сериозно да работат на превенцијата на вакви дела.

На 14.08.2019 година, по претходна вербална расправија и физичка пресметка помеѓу повеќе млади лица, Никола Христовски (17) е прободен со нож од страна на А.Т. (18), по што подлегнал на повредите во клиниката „Мајка Тереза“.

Хелсиншкиот комитет во текот на 2018 година регистрираше рекорден број на инциденти сторени од омраза, а ваквиот тренд продолжува и во 2019 година, каде што заклучно со јуни, евидентирани се вкупно 109 случаи. 

„Бројот на инциденти извршени по основ на етничка припадност е алармантен и достигнува 64% од сите регистрирани инциденти, а најзагрижувачки е податокот дека огромно мнозинство на жртви и сторители се млади лица. Делата од омраза не се случуваат во вакуум, тие се насилна манифестација на предрасуди која понатаму продира во пошироката заедница. Поради тоа, неопходно е да се зајакнат превентивните мерки, меѓу другото, со преземање чекори за едукација на јавноста за вредностите на културната разновидност и инклузија, со посебен фокус на децата и младите луѓе. Институциите мора со најголемо внимание, ефикасност и темелност да му пристапат на овој случај, да ги обезбедат сите докази и согласно истите да го квалификуваат делото и да ја водат постапката против сторителот, кој согласно закон би бил изведен пред суд и казнет соодветно“, стои во реакцијата. 

Основното јавно обвинителство мора да ги разгледа сите индиции и да испита дали истите упатуваат на тоа дека овој настан претставува дело од омраза и соодветно да го квалификува, се вели во реакцијата од Хелсиншки.

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци