29 Септември, 2024
0.0258

ПО ВЕШТАЧЕЊЕТО РЕАГИРА ОДБРАНАТА НА КАМЧЕВ: Поради освета за срушеното СЈО без никаков основ инволвирана Орка Холдинг во Обвинителниот акт

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

 

Паричните средства со кои Орка Холдинг АД Скопје го купува уделот на Сирах Лимитед Белизе се обезбедени од сопствени средства на друштвото, односно, компанијата и коресподентски банки не побарале дополнителна анализа на овие трансакции бидејќи се работи за редовни трансакции на средства кои потекнуваат од законски извори - утврди стручниот наод на судскиот вештак кој се образложуваше на денешното рочиште ,,Плацеви на Водно’’

Од одбраната на бизнисменот Јордан Камчев велат дека со образложението на судските вештаци ангажирани од нивна страна се потврдува неоснованоста на обвинителниот акт, а со тоа и на целото дејствие кое им се наметнува на обвинетите.

„Стручниот наод на судските вештаци од областа на економијата и градежништвото е образложен и од истиот се утврдува дека активностите се целосно основани и не постои никаков спорен момент во истите или нешто кое на било каков начин посочува на незаконски активности, финансиски криминал или друго незаконско финансиско дејствие со кое би можело да биде извршена штета на буџетот на РСМ.

Текот на активностите, продажбите на сите удели како и добивките од истите секогаш се уредно прокнижени и вклучени во даночните основици  на компаниите за данок на добивка за соодветната година и на истите се пресметани и платени даноци согласно законски пропишани стапки, велат од одбраната.

Деловниот интерес за спорното земјиште е целосно опфатен во „Физибилити студија“ во врска со инвестициски проект кој било планирано да се реализира.

Откако не се добива дозвола за градба, иако земјиштето при купување се води како градежно, неизградено земјиште, се врши продажба на истото, а остварената добивка исто така е соодветно прокнижена и за истото е пресметано и платено данок на добивка.

Според струлниот наод на вештаците, последниот договор помеѓу ЛАЈФ КЕАР СЕНТЕР и СУПЕРТРЕЈД, во 2018 година каде ЛАЈФ КЕАР СЕНТЕР се јавува во својство на продавач, а СУПЕРТРЕЈД во својство на купувач врз основ на кој е издадена и платена фактура, данокот на додадена вредност од фактурата е пријавен во Управата за јавни приходи во законски предвиден рок со даночна пријава за ДДВ за конкретниот период, а на деловните односи кои се утврдени со тој договор извршена била и надворешна контрола од страна на Управата за јавни приходи РД Скопје за што е составен Записник во кој е констатирано правилно и законито пресметан ДДВ, уредно пријавен во УЈП , во законски рок.

„Со овие стручни наоди на вештаците, исто како и на вчерашното рочиште се потврдува неоснованоста на Обвинителниот акт, а повеќе од јасна станува и причината зошто обвинителот, застапник на случајот Лиле Стефанова која покренува обвинение под сомнение за финансиски криминал, односно, незаконито финансиско дејствие – перење пари, досега нема нарачано финансиско вештање за да го докаже истото. Дали некој ќе ја сноси одговорноста за покренувањето на овој неоснован обвинителен акт кој во друг правосуден систем би било срамно да постои без докази, а со тоа и одговорноста за сите судски ,,манифестации’’ кои нарачано ги спроведуваше Обвинителката, прашуваат од одбраната на Камчев.

Можеби ќе ве интересира

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки