19 Април, 2024
0.0262

По златниот медал Вардарци се закитија и со „Медал за заслуги за Македонија“

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Новите македонски херои, ракометарите на Вардар по освоениот златен медал во европската Лига на шампиони добија признание и во Република Македонија откако претседателот Иванов ги одликуваше „Медал за заслуги за Македонија“. На ракометниот клуб Вардар Иванов му додели признание „Повелба на Република Македонија“.

„Во името на сите граѓани на Република Македонија, имав задоволство и чест да донесам укази за доделување на високи државни признанија на нашите спортски идоли. Со својот подвиг, ракометарите на Вардар апсолутно ги заслужија високите признанија. Од се срце ви честитам за огромниот успех. Со вашата желба, мотивираност, сплотеност и тимски дух, ни покажавте дека не постојат искушенија и предизвици кои не можат да се надминат, и врвови кои не можат да се освојат. Вие сте пример од кој ќе учат и ќе се мотивираат и сегашните и идните генерации“, изјави претседателот Иванов.

Како што појасни претседателот Иванов, членовите на клубот се одлукуваат со Медал за заслуги заради постигнатите врвни резултати постигнати на меѓународен план, што е од исклучителна важност за афирмација на нашата земја во светот.

„Ова е огромна чест за секој Македонец, верувам и за секој странец,и се надевам дека нема да биде последен пат да сме тука“, рече капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.

Ракометарите на шефот на државата му подарија спортски дрес.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?