24 Април, 2024
0.0265

По значајниот пад во февруари: Колку е мартовската просечна плата?

Објавено во: Економија 21 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

За 5,6 проценти е повисока нето платата која ја зема еден вработен во земјава во март годинава споредено со март лани, објави Државниот завод за статистика. Просечната нето плата по вработен во март изнесува 23.694 денари. На месечно ниво, пак растот е 2,3 проценти. Просечната плата во земјава во третиот месец годинава расте откако во февруари забележа значителен пад на месечно ниво. Во јануари, пак имаше значен раст и тогаш Владата се пофали дека промените се поради добрите политики.

Статистика соопшти денеска дека зголемувањето на платата на годишно ниво се должи најмногу на растот на платите  во секторите рударство каде платите се зголемиле за 19 отсто. Раст од 14,2 проценти има кај секторот информации и комуникации додека во преработувачката индустрија забележан е раст од 12,4 проценти.

Во февруари 2018 година просечната нето плата во земјава забележа пад на месечно ниво од 3,6 отсто и изнесуваше 23.158 денари. Претходно во јануари годишниот раст изнесуваше 5,6 отсто колку што е и сега во март. Но, во јануари за прв пат платата се искачи над 24.000 денари, за што Министерството за финансии држеше и посебна прес конференција

Експертите за разлика од Владата тврдеа дека растот во јануари е поради сезонски флуктуации, а не поради владините мерки.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата