28 Март, 2024
0.0261

Побарано од Европскиот парламент да го повлече именувањето на македонското малцинство како бугарско

Објавено во: Балкан 23 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Федералната унија на европските малцинства-ФУЕН (Federal Union of European Nationalities) на 63-от Конгрес што се одржува во Леуварден,  Холандија, едногласно усвои Резолуција предложена од македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана.

– Нашето друштво, како официјален член на ФУЕН, го искористи правото да ја достави резолуцијата до Конгресот што се одржува во Леуварден. За неа гласаа сите 260 делегати – претставници на 50 асоцијации на повеќе од триесет малцинства од исто толку земји во Европа- изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото и учесник на Конгресот.

Резолуција содржи пет точки во кои Македонско друштво „Илинден“ и македонското национално малцинство во Република Албанија бараат од албанската влада корекција на Законот за административна поделба и формирање општина Голо Брдо и општина Гора, во кои би биле опфатени населените подрачја во овие области. Исто така, се бара Македонците да имаат загарантирано најмалку еден пратеник во Парламентот на Албанија.

Од Европскиот парламент се бара да го повлече амандманот со кој македонското национално малцинство во Преспа, Голо Брдо, Гора беше прогласено за бугарско „бидејќи во тие региони како и на цела територија на Албанија живеат единствено Македонци, а не Бугари“.

Во документот стои дека „Илинден“ ги осудува „сите напори што ги прави бугарската држава да докаже дека македонското малцинство е бугарско“.

ФУЕН ќе ја достави Резолуцијата до Владата на Република Албанија, шефот на државата, парламентот и меѓународните институци.


Можеби ќе ве интересира

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор