20 Април, 2024
0.0437

ПОБЕДА НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ: Во Конгресот на САД рекорден број жени, муслиманки, латино дами, хомосексуалци

Објавено во: Свет 07 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Најочекуваните избори во модерната политичка историја, конгресните избори во САД, донесоа вистинска мала револуција што се однесува до избраните кандидати.

Така САД конечно добија претставници во Конгресот од различни малцински групи, а многумина дури и за прв пат имаат свој политички глас во ваква висока институција на американската политика.

Пред се, оваа година во Конгресот ќе бидат дури 256 жени, што е историски рекорд.

А тоа, не е единствената историска победа на овогодишните конгресни избори.

Избрани се првите кандидатки од народите на американските староседелци.


Шарајс Дејвидс и Деб Халанд од Демократската партија се првите жени од народот на американските домородци кои се избрани за Конгресот. Дејвис во Канзас го победила републиканецот Кевин Јодер, а Халанд во Њу Мексико ја победила Мишел Гришам.

Дејвидс исто така се изјаснува како лезбејка, па така е и првата отворена геј личност од Канзас која ќе влезе во Конгресот. Претходно работела како адвокатка и ММА борец .

Избрани се првите муслиманки


Рашида Тлаиб е демократка која победи во Мичиген, а Илхан Омер во Минесота - и ќе бидат првите муслиманки во американскиот Конгрес. Нивните победи биле очекувани бидејќи ги освоиле лесно и внатрешните избори.

Илхан Омар има уште една интересна ставка во својата биографија - таа е бегалка од Сомалија, а во САД дошла пред две децении.

Избран првиот гувернер кој отворено се изјаснува како геј


Колорадо за свој гувернер го избра Џарерд Полис, кој отворено се изјаснува како хомосексуалец.

Меѓутоа, пред него гувернерката Кејт Браун од Орегон исто така се изјаснува како бисексуалка односно ЛГБТ личност. Некогашниот гувернер на Њу Џерси Џим Мекгриви исто така во текот на мандатот, пре да стапи на власт се изјаснувал како геј.

Избрана прва сенаторка од Тенеси, можно и од Аризона


Републиканката Марша Блекбурн ја победила Фила Бредесен во државата каде Трамп на претседателските избори водел за 26%.

Трамп во текот на кампањата дури три пати го посетил Тенеси,а Блекбурн му е многу блиска. Бредесен претходно служел дури два мандати како гувернер па ова е голем пресврт.

Исто така е речиси извесно дека и од Аризона во Конгресот ќе влезе жена а се натпреваруваат Кристен Синема од Демократската партија и Марта Мексали, а исходот од трката е неизвесен.

Од Тексас во Конгресот влегуваат први латино дами


Две претставнички на Тексас во Конгресот најверојатно ќе бидат жени од латинско потекло. Имено, во Ел Пасо округот Вероника Ескобар веќе ја освоила изборната трка, а во Хјустон округот Силвија Гарсија најверојатно ќе го победи републиканецот Филип Ароноф.

Избрана првата гувернерка на Јужна Џакота


Републиканката Кристи Ноем станала првата гувернерка на Јужна Дакота, откако го победила демократот Бил Сатон. Ноем претходно била претставничка во Конгресот. 

Замалку...

Некои шанси за „историското прво“ сепак се пропуштени. Во Флорида, Ендру Гилум пред Демократската партија можел да биде првиот афроамерикански гувернер но изгубил. Во Вермонт, Кристин Холквист била прва трансродна личност која се кандидирала но изгубила.

Меѓутоа, овие избори покажале дека времињата се менуваат - и дека конечно политичката сцена на најмоќната земја во светот е отворена за сите оние чиј глас во текот на историјата е често гушен и забрануван.

Ова е нивното време.

Можеби ќе ве интересира

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел