Почина човекот кој се обиде да го спречи убиецот од Нов Зеланд
Објавено во: Свет 16 Март, 2019
Наим Рашид, човекот кој се обиде да го спречи Брентон Тарант да изврши напад во џамија во Нов Зеланд, почина.
Но, почина и неговиот син Талх кој беше смртно ранет, на само 21 година.
Наим се обидел да го совлада терористот Тарант за време на пукањето, но беше тешко ранет. Тој скокнал врз убиецот за да ги заштити останатите верници.
Веднаш е однесен во болницата, каде и починал.
Наим Рашид, е по потекло од Пакистан, а во Нов Зеланд работел како учител.
Неколку преживеани сведочеле дека имало уште неколку луѓе кои се обиделе да го совладаат напаѓачот.