ПОЧИНА ДЕВОЈЧЕ НА САМО 10 ГОДИНИ - еве каков бил предизвикот на ТикТок кој е причина за смртта
Објавено во: Свет 23 Јануари, 2021
Италијанските власти му наредија на Тик Ток да го блокира пристапот на корисниците чија што возраст не може да се потврди.
Оваа забрана доаѓа само неколку дена по смртта на девојче од Палермо, која учествувала во онлајн предизвик со онесвестување преку апликацијата.
Ова девојче се задушило откако го прифатило предизвикот на мрежата - онесвестување со стегнување на шал или ремен околу вратот.
„Италијанска агенција за заштита на податоците (ГПДП) му нареди на Тик Ток веднаш да ги блокира корисниците за кои возраста не може да се утврди со сигурност“, се вели во соопштението на ГПДП.
Од агенцијата велат дека донеле одлука да интервенираат итно по ужасниот случај со 10-годишното девојче од Палермо.
Формално, на кинеската апликација ѝ е забрането да обработува кориснички податоци кои не се во согласност со правилата за минимална возраст. Според условите за користење на ТикТок, корисниците мораат да имаат најмалку 13 години.