ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО АКТЕРСТВО ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ: Јавноста ќе го памети по бројните улоги
Објавено во: Македонија 21 Март, 2023
Македонскиот
театарски, филмски и телевизиски актер и хуморист, Димче Мешковски почина на 77 годишна возраст
синоќа во Флорида, каде што живееше во последните неколку години.
Македонската јавност ќе го памети по бројните улоги остварени и на театарските даски и зад филмските камери. Оствари улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“). Својот глас го позајмуваше и при натсинхронизацијата на цртани филмови меѓу кои и Гаргамел во „Штрумпфови, а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.
Комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски театар на 28 март во 12ч.
Фото: YouTube/ Print Sreen