Почина глумецот и поранешен декан на ФДУ, Данчо Чеврески
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2020
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцентм како и поранешен декан на факултетот за драмски уметности, Данчо Чеврески почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст.
Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“. Подоцна беше еден од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТИРАНГЛ.
Роден беше на 17 мај 1951 година во Скопје, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес.
На Чеврески минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на ТВ.