29 Март, 2023
0.0243

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Со огромно жалење ве известуваме дека по кратко боледување денеска почина нашиот почитуван основач и претседател Гоце Камчев, соопштија од компанијата. 

Гоце Камчев беше еден од најуспешните визионери и менаџери , во нашата земја и остави зад себе компанија која е меѓу најуспешните во регионот. Целото искуство, знаење и вештини, стекнати во текот на школувањето и работата со познати компании од земјата и од странство, несебично ги пренесуваше и споделуваше со вработените, кои го препознаваа како голем учител, неуморен пренесувач на знаења. Истовремено беше насочен и кон раст и развој и на нашата држава, а успешна Македонија беше една од неговите цели.
- Во мојот живот три работи ми беа и ми останаа важни – семејството, работата и мојот народ – знаеше да каже.

Камчев е основач на повеќе компании во областа на трговијата, производство, земјоделство, угостителство и недвижности. Компаниите што ги изгради кои се дел од „Камчев груп“ во моментов вработуваат над 1.800 лица и придонесуваат за развојот и добробитта на целокупното општество. „КАМ“ трета година е меѓу најголемите 10 компании во земјава, која во текот на минатата година реализираприход над 273 милиони евра. На нас останува да го негуваме споменот и да ја продолжиме неговата визија.

Гоце Камчев е роден на 28 април 1945 година во Скопје и потекнува од релативно сиромашно работничко семејство. Уште од средното училиште се насочува кон економијата, а потоа образованието го продолжува и на Економскиот факултет во Скопје. Подоцна завршува и постдипломски студии од областа на економскиот развој. Во текот на своето образование континуирано ја негува својата желба за учење, читање и знаење.

Во текот на својата долга кариера работел на високи позиции во Комерцијална банка, дрвна индустрија „Треска“, „Македонија табак“, „Магро“... Меѓу неговите успеси се и рекордните извози на македонско вино на странските пазари. Како претставник на „Магро“ со семејството заминува во Германија, каде што создава важни контакти и го надградува своето искуство.

На 45-годишна возраст Гоце Камчев е подложен на операција на срцето, по што лекарите му советуваат да се пензионира. Наместо пензија, тој почнува нова етапа од својата кариера.

Во 1990 година ја основа компанијата „Интеркам“, еден од првите дистрибутери во Македонија. Во малопродажниот сектор влегува во 1995 година кога ја основа компанијата „Камфуд“, чиј прв современ супермаркет беше отворен во Градскиот трговски центар во Скопје на површина од 1000 квадратни метри.

Инспириран од германскиот синџир „Алди“, Камчев се насочува кон принципот „хард дисконт“ и го основа „КАМ“ во 1999 година, компанија која континуирано расте и се развива, па денес покрај 76-те маркети во Македонија, присутна е и во Косово со 23 маркети и во Бугарија со 24 маркети. Преку „КАМ маркет“ тој ја реализира својата визија да обезбеди поквалитетен, а поевтин производ со цел да им излезе во пресрет на граѓаните, додаваат од компанијата. 

- Придонесовме за куповната моќ на нашите граѓани и тоа го гледаме како наш најхуман придонес во нашето постоење - велеше Камчев.

Дел од неговото портфолио се и забавно-трговскиот центар „Вилиџ Вања Камчев“, хотел „Вилиџ“, два трговски центри во Скопје и во Битола, како и најголемиот логистички центар во земјава, кој е дел од „КАМ маркет“. Во својата богата и плодна кариера Камчев инвестрираше и во фабриката за производство на кондиторски производи „Прогрес“, сегашно „Виго-48“, и фармата „Сточарство во Богданци“.

Семејството и пријателите ќе се збогуваат од Гоце Камчев в недела 5 февруари 2023 година. Неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капела во 12 часот, додека погребот ќе се одржи во 14 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Деспотовски: „Филмскиот град“ во Скопје на Малкович сака да гради и станови

Деспотовски: „Филмскиот град“ во Скопје на Малкович сака да гради и станови

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Свиркачи за Credit Suisse: Швајцарската банка им помагала на богатите Американци да избегнуваат даноци со години

Свиркачи за Credit Suisse: Швајцарската банка им помагала на богатите Американци да избегнуваат даноци со години

ТОАЛЕТНАТА, ВЛОШКИТЕ, ПЕЛЕНИТЕ И ВЛАЖНИТЕ МАРАМЧИЊА СО ПОНИСКИ ЦЕНИ ЗА 13 ОТСТО: Бектеши потврди, се замрзнуваат цените на овие производи

ТОАЛЕТНАТА, ВЛОШКИТЕ, ПЕЛЕНИТЕ И ВЛАЖНИТЕ МАРАМЧИЊА СО ПОНИСКИ ЦЕНИ ЗА 13 ОТСТО: Бектеши потврди, се замрзнуваат цените на овие производи

ПРАШАЛ КАКО ДА НАПРАВИ БИЗНИС ЗА 100 ДОЛАРИ И ДА СЕ ЗБОГАТИ ЗА МИГ? Момче го искористило ChatGPT - погледнете колку заработил

ПРАШАЛ КАКО ДА НАПРАВИ БИЗНИС ЗА 100 ДОЛАРИ И ДА СЕ ЗБОГАТИ ЗА МИГ? Момче го искористило ChatGPT - погледнете колку заработил

РЕНМИНБИ ИЛИ ЈУАН Е ПЕТТА НАЈАКТИВНА ТРАНСАКЦИСКА ВАЛУТА ВО СВЕТОТ: Глобалниот статус на Јуан продолжува да расте

РЕНМИНБИ ИЛИ ЈУАН Е ПЕТТА НАЈАКТИВНА ТРАНСАКЦИСКА ВАЛУТА ВО СВЕТОТ: Глобалниот статус на Јуан продолжува да расте

Кои се најголемите извозници на струја од Македонија?

Кои се најголемите извозници на струја од Македонија?

КРИЗАТА СТАСА И ВО ЏЕБОВИТЕ НА ЕВРОПЕЈЦИТЕ: Половина од нив стравуваат дека нема да можат да си ги платат сметките

КРИЗАТА СТАСА И ВО ЏЕБОВИТЕ НА ЕВРОПЕЈЦИТЕ: Половина од нив стравуваат дека нема да можат да си ги платат сметките

Ковачевски: Институциите да ги испитаат сите аспекти од договорот за изградба на автопатиштата

Ковачевски: Институциите да ги испитаат сите аспекти од договорот за изградба на автопатиштата