Почина креаторот на анимираниот филм „Балтазар“
Објавено во: Стил 15 Мај, 2018
Во 89. година од животот почина хрватскиот академик Златко Боурек, сликар, вајар, костимограф, сценограф, режисер, автор на цртани и играни филмови, член на Хрватската академија на наука и уметност.
Додека студирал ја основал Загребска школа за цртан филм. Тој беше и сценограф на култната
анимирана серија „Професорот Балтазар" за која го креираше измислениот Балтазар град.