Почина новинарката Јасмина Спасовска

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2020
Замина прерано нашата драга колешка Јасмина Спасовска. Почина по долга борба со болеста.
Последните две години работеше како новинар-репортер во ТВ 24, а претходно беше дел од новинарската екипа на А1 телевизија.
Јасмина остави силен печат во новинарството работејќи на теми од областа на културата, уметноста и општествениот живот. Како голем вљубеник во убавите нешта, знаеше да се избори овие теми да допрат до обичниот човек и да го разубават денот на пибликата на крајот од вестите, меѓу бурата политички информации.
Во нашите срца засекогаш ќе останеш запаметена со голема насмевка, ведар лик и силен сјај во очите, драга Јамина. Почивај во мир.
Можеби ќе ве интересира
Мал чекор напред постигнаа македонските и бугарските историчари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче вели можеме сами да спроведеме имунизација, денес нови 307 заразени

Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на Владата, вели Николоски

Заев: Ние не смееме да си дозволиме да испратиме порака дека за нас постои алтернативно решение, освен полноправното членство во ЕУ

ГЛАВАШЕВИЌ ДОБИ ОДГОВОР ОД ПЛЕНКОВИЌ: Дали Хрватска може да не заштити од „бугарскиот булинг“?

Грчката граница и понатаму останува затворена за Македонците
