23 Април, 2024
0.0280

Почина основач на Мајкрософт кој го наговори Гејтс да влезе во бизнисот

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Ко-осоновачот на Мајкрософт, Пол Ален, човекот кој го убеди пријателот од училиште Бил Гејтс да го напушти Харвард и да ја отворат најголема софтвер-компанија во светот, почина на возраст од 65 години, соопшти неговото семејство. Ален почина од компликации предизвикани од нон-Ходкинова лимфа.

Ален ја напушти Мајкрософт во 1983 година, пред компанијата да прерасне во огромна корпорација, по расправија со Гејтс, но благодарение на продажбата на својот удел до крајот на животот располагаше со милијарди што ги трошеше на јахти, уметност, рок музиката, спортски клубови , истражување на мозокот и недвижниот имот.

Тој е сопственик на кошаркарскиот тим во НБА Портланд и Сиетл Сихавкс во Фудбалска лига на Америка (NFL) и познат филантроп кој донираше повеќе од $ 1.5 милијарди долари.

Како добро познат љубител на музиката, Ален има голем број на пријатели во светот на забавата, меѓу кои беше пејачот на U2, Боно, но и вешто го избегнуваше вниманието на медиумите на неговиот имот на островот Мерсер на езерото Вашингтон, на спротивниот брег на Сиетл, каде што израснал .

Пол Гарднер Ален е роден во Сиетл на 21 јануари, 1953 година, син на библиотекар и наставничка, еа со Гејстс се сретнале во 1968 година на престижното Лејкесид училиште во Сиетл, двајцата дознале дека ја делат страста за компјутери.

Ален го продолжил образованието на Државниот универзитет во Вашингтон, но го напуштил студирањето во 1974 година и се вработил во Бостон. Додека бил таму, упорно го повикувал Гејтс, кој студирал на Харвард во близина да му се придружи во изучувањето на компјутерската револуција на сметачите, која започнала да се омасовува.

Гејтс конечно го прифатил договорот во 1975 година и заедно развија основен софтвер  за Алтаир 8800, десктоп компјутер кој потоа чинеше 400 долари на пазарот.

Потоа се преселија во Ново Мексико за да бидат поблиску до производствениот капацитет на Алтаир. На Ален беше и идејата за името Мајкрософт, поврзувајќи ги зборовите „микропроцесор“ и „софтвер“ во еден наслов.

Ален беше одговорен за техничка операција во првите осум години и беше меѓу ретките кои придонесуваат за појавата на првиот софтвер како MS-DOS и Word, кои овозможијаа компјутерска револуција и го вивнаа Мајкрософт во врвот на индустријата.


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска