ПОЧИНА ПАТРИЈАРХОТ ИРИНЕЈ: Српските лекари 15 дена се бореа за неговиот живот
Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2020
Патријархот на
Српската православна црква, Иринеј, не ја издржа повеќедневната борба со корона
вирусот. Утринава почина, откако вчера неговата здравствена состојба нагло се
влошила. Според наводите на српските медиуми, патријархот Иринеј беше тестиран
на 4.ноември и неговиот резултат беше позитивен на вирусот, а само еден ден
подоцна беше примен на болничко лекување.
Тој, најверојатно се зарази со Ковид-19 по погребот на црногорскиот митрополит Амфилохие, кој исто така почина од вирусот на 30.октомври, а според многуборјните фотографии и видеа во медиумите, неговиот погреб беше оценет како исклучително ризичен настан, зошто присуствуваа огромен број верници кои буквално се буткаа околу неговото тело за да го допрат или да го бакнат.
Од патријархот Иринеј, утринава се прости и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на својот профил на Инстаграм напиша:
„Чест ми беше што Ве познавав. Таквите како Вас никогаш не заминуваат”.