30 Септември, 2024
0.0272

ПОЧИНА ПРОФЕСОР БЛАГОЈА ЈАНАКОВ: Генерации психолози учеа од него, го обезбеди местото во вечноста

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Вчера во Скопје, по кратко боледување, на 68 годишна возраст почина проф. Благоја Јанаков, соопшти Филозофскиот факултет.

Проф. Јанаков е роден 1953 година. Основно образование и гимназија завршил во Велес. Студирал психологија во Белград каде го оформил своето високо образование на сите три циклуси. Дипломирал во 1977 година, а магистрирал во 1986 година. На Филозофскиот факултет во Скопје се вработил во 1989 година во звањето асистент. По докторирањето на Универзитетот во Белград во 1991 година, избран е за доцент за предметот Психологија на личност при Институтот за психологија, на Филозофскиот факултет во Скопје. Четири години подоцна избран е во звањето вонреден професор. Во звањето редовен професор прв пат е избран во 2001 година, а потоа реизбран во 2006 година. Предавал на Природно-математичкиот факултет, Факултетот за ликовни уметности и Факултетот за музичка уметност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. На додипломските студии ги предавал предметите Личност, Теории за личноста и Психологија на личен развој. На последипломските студии предавал околу 25 години претежно предмети од областите на Психологија на личноста, Психолошко советување и психотерапија. Воедно, иницирал создавање насока Личност и советување, ја организирал наставата на насоката и ги предавал поголемиот дел од предметите. Предавал и на докторските студии. Повеќе од 15 години водел едукативни групи за личен развој и интегративна психотерапија. Активно учествувал во голем број домашни, регионални и меѓународни научни и стручни собири. Течно зборувал руски, англиски и неколку јужнословенски јазици. Вонакадемски се едуцирал за личен развој и психотерапија. Учествувал во бројни работилници, едукативни групи и семинари. Завршил и четиригодишна едукација по гешталт терапија. Проф. Јанаков професионално членувал во Друштво на психолози на Србија, Сојуз на друштва на психолози на Југославија, Европска асоцијација за психологија на личност, Американска психолошка асоцијација, Европска асоцијација за психотерапија и др.

„Проф. Јанаков во текот на својот работен век оствари голем научен опус преточен во учебници, книги, статии и прирачници. Сепак, најмногу ќе остане запаметен меѓу колегите и студентите како професор кој држеше предавања од кои многу можеше да се научи, бидејќи освен теоретско знаење имаше и големо практично искуство кое несебично го споделуваше. Како човек секогаш слушаше внимателно, трпеливо и смирено, а љубовта кон психологијата активно ја покажуваше постојано залагајќи се за нејзина афирмација во земјава и надвор. Зад себе остави силен печат кај многу генерации психолози кои учеа од него и со тоа засекогаш го обезбеди своето место во вечноста на нашето високо образование и на психологијата како професија. Нека му е вечна слава, информираат од Филозофскиот факултет.


Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО