Почина вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ Милошевиќ
Објавено во: Балкан 14 Април, 2019
На 77 годишна возраст денес почина Мира Марковиќ.
Вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ Слободан Милошевиќ во 13 часот по средноевропско време починала во болницата во Сочи во Русија.
Во последните неколку месеци таа беше во тешка здравствена состојба, и поради влошената состојба беше подложена на четири операции, пишуваат српските медиуми.
Мира Марковиќ последните 16 години од животот ги помина во Русија.
Таа беше во бегство од правосудните органи во Србија кои распишаа потерница по неа во рамки на истрагата за злоупотреба на доделувањето на државни станови во 2000 година.