24 Април, 2024
0.0322

Почина заменик градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Почина Енвер Малиќи, заменик градоначалник на Скопје и познат долгогодишен бизнисмен. Починал од компликации предизвикани од Ковид 19.

„Со длабока тага ја информираме јавноста дека денеска почина Енвер Малиќи, заменик градоначалник и член на Советот на Град Скопје.

Денеска загубивме голем пријател, драг колега и човек кој својот лик и дело на повеќе нивоа нераскинливо ги врзува за Скопје. Нека му е вечна слава, соопштија од Град Скопје.

Енвер Малиќи е сопственик на компанијата Гемак Трејд и на хотелот „Парк спа" на кејот на Вардар во Скопје.

На функцијата заменик градоначалник беше именуван од градоначалникот Петре Шилегов, во 2017 година. Малиќи во 2018 година беше назначен за почесен конзул на Мексико во Македонија.

Негови пријатели веќе се простуваат од него на социјалните мрежи.

„Некогаш зборовите не можат да ги искажат чуствата кои што ги имаме кон блиските во нашите животи. Секогаш ведар, секогаш насмеан, секогаш со млад дух. Денес загубив добар пријател! Почивај во мир Енвер, пријателе мој, напиша Петре Шилегов


Жални вести ова утро. Почина Енвер Малиќи, заменик градоначалникот на Скопје, пријател на сите. Неговото име ќе биде запаметено и неговото отсуство ќе го чувствуваме. Почивај во мир, напиша Артан Груби, првиот вицепремиер.


Нека почива во мир!


Можеби ќе ве интересира

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска