Починат маж е пронајден на Шар Планина
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2020
Безживотно машко тело денеска е пронајдено на Шар Планина, по што полициски службеници од Тетово со хеликоптер заминале до местото за да направат увид.
Станува збор за тешко пристапен терен во реонот на врвот Кобилица.
„Околу 10:55 во СВР Тетово се јавило лице кое се претставило како планинар и пријавало дека забележал безживотно машко тело над селото Вејце и на пат за врвот Кобилица. Според неговата изјава, до телото имало и торба. По овластување на јавен обвинител, екипа на СВР Тетово замина до местото за да се направи увид“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Телото ќе биде предадено на обдукција по наредба на обвинителството.