Починатиот волонтер не ја ни примил вакцината - ќе продолжи тестирањето на вакцината на Оксфорд
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2020
Тестирањето на вакцината против ковид-19 што ја развиваат „Астрaзенека“ и Универзитетот Оксфорд ќе продолжи откако беше испитана смртта на еден волонтер во Бразил.
Здравствени власти не излегоа со детали за смртта на волонтерот, повикувајќи се на протоколите за доверливост, но Оксфорд соопшти дека проценката покажала дека нема опасност и оти истражувањето треба да продолжи.
ББЦ објави дека починатиот волонтер не ја ни примил вакцината што се тестира.
Само половина од учесниците во тестирањето ја примаат вакцината, додека останатите добиваат постоечка одобрена вакцина против менингитис. Ниту волонтерите, ниту нивните семејства знаат која од вакцините тие ја добиваат, што им овозможува на истражувачите да ги споредат резултатите на двете групи, со цел да добијат информации дали вакцината е ефективна.
Бразилските медиуми објавија дека 28-годишниот лекар всушност починал од компликации од ковид-19.