19 Април, 2024
0.0250

Почитувањето на човековите права е обврска на државата и на сите сопственици на бизниси, менаџери(-ки) и вработени

Објавено во: Економија 20 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Во рамките на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“,денес во хотел Арка се одржа национална „Конференција за бизнис и човекови права“. Осумдесетина претставници од стопанските комори, компании, граѓанските организации и меѓународни експертизаклучија дека имплементацијата на Водечките принципи за бизнис и човекови права на ОН (ВПОН) во политиките и работењето на бизнисите во голема мера зависи од создавањето на поттикнувачки услови од страна на државата и од напорите на бинисите и нивните организации. За посветеноста на државата кон човековите права и нивната поврзаност со ЕУ интеграциите говореа министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Мила Царовска и Висок Претставник на Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија, г-ѓа Вирве Вимпари. 

Во своето обраќање, г-а Никица Кусиникова, извршна директорка на Здружението Конект, рече дека ново поглавје во начинот на кој компаниите ширум светот го водат својот бизнис почна во 2011 година кога Обединетите нации ги усвоија Водечките принципи за бизнисот и човековите права. 

„Додека претходно државата ја имаше примарната улога во почитувањето на човековите права, сега е општо прифатено дека компаниите имаат подеднакво одговорност да ги почитуваат во сите сегменти на рботењето, од вработените, потрошувачите, ланците на снабдување, заедницата во која што работат. Во нашата земја рамката за бизнисот и човековите права е многу малку позната па преку оваа иницијатива сакаме нашите компании, иниституции и други чинители да ги вклучиме во глобалните текови“, рече извршната директорка на Конект, организација која што долги години работи на поттикнување на општествената одговорност.

Отворено се дискутираше за имплементацијата на ВПОН во јавните политики на државата и во внатрешните политики на компаниите. Покрај тоа беа споделени наодите од истражувањето „Почитување на човековите права во бизнис секторот“ од коешто произлегува заклучок дека компаниите повеќе декларативно се грижат за човековите права во обемот во кој тоа го налагаат правните прописи, додека е сѐ уште мал бројот на компании, коишто имаат направено обид за интегрирање на ВПОН во своите интерни политики и спроведуваат претходна проверка на човековите права.Во пракса мал број компании применуваат суштински приод кон заштитата на човековите права. Само 28,8% од вклучените компании прават проценка на ризиците поврзани со човековите права, а 13,6% потоа преземаат некаков обмислен пристап во оваа насока.[1]

На конференцијате се споделија најдобрите приоди на локално и меѓународно ниво од домашни и странски бизнис претставници и експерти. Говореше г-а Мариа Алексиу, директорка за општествена одговорност од Групацијата Титан- Грција, а гостин говорник беше и г-а Звездана Олујиќ од канцеларијата на ILO (Меѓународната организација на трудот)заЦентрална и Источна Европа. „Работодавачите треба да ги искористат ВПОН и добрите практики што ни беа пренесени како платформа за развивање на својот бизнис“ – истакна г. Миле Бошков, претседателот на Бизнис Конфедерација.

„Конференцијата за бизнис и човекови права“ покажа дека потребни се континуирани напори за зајкнување на свеста и капацитетите за имплементација на ВПОН кај сите релевантни чинители (државните органи, бизнисите, организациите на работодавачи и работници, граѓанските организации и граѓаните) во насока на создавање на клима на транспарентност, отчетност и одговорност.

 „Конференцијата за бизнис и човекови права“ се организираше во рамки на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Конект во партнерство соБизнис Конфедерација.

[1] Линк до резиме на истражувањето: http://konekt.org.mk/wp-content/uploads/2019/03/Izvrsno-Rezime-MKD.pdf

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб