ПОЧНА ДРЕСУРАТА НА КУЧИЊА ДА ДЕТЕКТИРААТ КОВИД-19: Ќе го откриваат вирусот пред да се појават симптомите
Објавено во: Свет 16 Мај, 2020
Во Велика Британија почна дресурата на кучиња за да можат да детектираат заболени од корона вирусот. Брританските експерти најавуваат дека кучиеата интензивно ќе подлежат на тренинг за да го утврдат присуството на Ковид-19 и пред да се појават симптомите.
Шест кучиња, од расата лабрадор и кокер шпаниел од неколку лондонски болници ќе добијат примероци на мирис на пациенти инфицирани со вурусот и ќе бидат дресирани да го разликуваат нивниот мирис од оној на луѓето кои не се заразени. Владата на Британија издвои 500.000 фунти за истражување со потенцијални неинвазивни начини на рано откривање на вирусот.
Истражувањето ќе го спроведуваат Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, Универзитетот Дурхам, а главни актери ќе бидат „медицински“ кучиња за откривање на болеста. Овие кучиња се обучени да детектираат некои видови на карциноми, Паркинсонова болест и маларија и според истражувањата имаат и способност да намирисаат боолест кај луѓето во рана фаза.
–Сигурни сме дека нашите кучиња ќе успеат да го пронајдат и мирисот на Ковид-19 и тогаш ќе преминеме во втиората фаза за да ги тестираме во реалнби ситуации, велат бритранските експерти кои се надеваат дека нивниот успех ќе влијае на проширувањето на обуката врз поголем број кучиња за оваа намена.