Почна поставувањето на новогодишната елка на скопскиот Плоштад
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2019
Град Скопје ги финишира последните подготовки пред да светне цело Скопје во новогодишно руво.
Утринава почна поставувањето на новогодишната елка на скопскиот плоштад а таа треба да засвети во петок.
На плоштадот ќе биде сместен и новогодишниот базар а најлудата ноќ ќе ја збогатува и дигитална елка.
Оваа година за новогодишната еуфорија градот ќе потроши 285 илјади евра.