07 Декември, 2025
0.1387

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Објавено во: Економија 07 Декември, 2025 10:49

Добивај вести на Viber

Со остранувањето на билбордите, почна најавената реконструкција и модернизација на застарената Железничка станица во Скопје, која на прес конференција ја највија директорот на „Железници на РСМ“ Синиша Ивановски, деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски и деканката на Архитектонски факултет, Анета Христова Поповска. 

Според првичните информации, проектот треба целосно да завршен за пет-шест години, истовремено со пуштањето на брзата пруга на Коридорот 10 и железничкиот крак до Меѓународниот аеродром Скопје. 

„Ако завршиме со проектот за една година потоа финансирањето ќе биде или со државниот Буџет, или со заем од класичните заемодаватели, како ЕБРД, ЕИБ, комерцијалните  банки, но не е исклучена можноста да влезе во стратешката партнерство со Велика Британија со кои ќе правиме многу капитални инфраструктурни проекти. Ќе се менуваат инсталациите, греењето, ладењето. Станицата сега изгледа како питстоп на Формула и веќе нема да биде така, ќе има забрана за рекламирање. Ќе има промена на содржини, ќе има аптеки и други комерцијални содржини, но доградби како ќебапчилница и други работи нема да бидат дозволени“, рече директорот Ивановски при презентацијата на проектот. 

Договорот за проектирање кој Железници го потпиша со Градежниот факултет чини над 455 илјади евра или нешто над 28 милиони денари. 

Во него, освен проект за модернизацијата на Железничката станица во Скопје, се проектираат и санациите меѓу станицата во Зелениково и станицата во Велес, како и меѓу станиците Зелениково и Кадина Река. 

Тендерот вклучува и проект за санација на свлечиште на делницата Велес - Гостиражни, како и проект за изградба на мост на Црна Река, на делницата помеѓу станиците во Градско и Кукуричани. 

Александар Тодески

ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце