20 Април, 2024
0.0330

Почна со работа уште еден пункт за тестирање на ИЈЗ, дневно ќе се прават до 2000 теста

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант и администратор со што ќе се забрза процедурата за земање тестови за Ковид-19. На овој начин, ќе се растовари приемното одделение имајќи предвид дека пациентите кои доаѓаат за тестирање ќе бидат распределени на два пункта, соопштуваат од Министерството за здравство. 

Пунктот работи секој ден од 7.30 до 14 часот за земање брисеви а од 18 до 20 часот за подигнување на резултатите. 

Од Институтот информираат дека со отворањето на новиот пункт ќе се зголеми бројот на тестирања на дневно ниво и е предвидено дневно да се вршат до 1000 тестови, што е за околу 150 тестови повеќе во однос на досегашните.  Институтот располага со доволен број тестови за Ковид-19. Епидемиолошката служба ќе биде ангажирана во две смени, а за таа цел ќе бидат креирани и дополнителни термини за тестирање во системот МојТермин. 

Инаку, предвидено е да се обезбедат вкупно 350 дополнителни тестови, по 100 на дневно ниво во Центарот за јавно здравје и во лабораторијата во Козле, како и споменатите 150 во Институтот за јавно здравје. Со овие дополнителни тестови значително се зголемува капацитетот на тестирање и ќе може да се постигне дневна бројка и до 2000 тестирања во јавните здравствени установи.

Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам