05 Март, 2021
0.0259

ПОЧНАЛЕ СО БОКСОВИ, ПА ГО КРШЕЛЕ ИНВЕНТАРОТ, НАСТРАДАЛ И МОБИЛЕН НА ГОСТИНКА: Пет млади лица приведени поради тепачката во Трибека

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2021

Во синоќешната тепачка во ексклузивниот скопски бар Трибека се приведени пет млади лица на возраст од 19 до 28 години, кои направиле огромен неред во локалот.

-Од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Х.Ј.(20) и А.С.(27) двајцата од Скопје, а во врска со претходна пријава дека во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Ѓ.(28) од Скопје и Х.Ј.(19), по што А.С. (27) почнал да го крши инвентарот од угостителскиот објект. На местото на настанот е извршен увид, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Фактор претходно објави дека дури и инспекторите на Пазарниот инспекторат биле сведоци на немилиот настан, а директорот Стојко Пауновски ни изјави дека при нивната синоќешна контрола на угостителските објекти, во неколку градови, во Скопје наишле на тензична атмосфера.

-Во ексклузивниот локал Трибека инспекторите беа сведоци и на физичка пресметка. Таму било вистински хаос, изјави Пауновски.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

Во Скопје има скоро 4.000 активни случаи на коронавирус

Во Скопје има скоро 4.000 активни случаи на коронавирус

Од понеделник ќе се знае дали ќе има рестрикции и какви

Од понеделник ќе се знае дали ќе има рестрикции и какви

Филипче: Се расчисти административната процедура, сега разговараме кога треба да пристигне кинеската вакцина

Филипче: Се расчисти административната процедура, сега разговараме кога треба да пристигне кинеската вакцина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Наскоро ќе пристигнат руските вакцини, денеска има над 800 заразени со коронавирусот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Наскоро ќе пристигнат руските вакцини, денеска има над 800 заразени со коронавирусот

Кризниот штаб бара полициски час за Гевгелија

Кризниот штаб бара полициски час за Гевгелија

(ВИДЕО) Захариева повика да се погледне филмот „Историја од двете страни“

(ВИДЕО) Захариева повика да се погледне филмот „Историја од двете страни“

Новинарот Драган Ристов почина од коронавирусот

Новинарот Драган Ристов почина од коронавирусот

Регистрирани се 843 заразени со корона, а од 11 починати најмладиот има 39 години

Регистрирани се 843 заразени со корона, а од 11 починати најмладиот има 39 години

НАДЛЕЖНИТЕ НАЈДОА РЕШЕНИЕ: Истечените пасоши на дијаспората ќе важат до крајот на 2021 година

НАДЛЕЖНИТЕ НАЈДОА РЕШЕНИЕ: Истечените пасоши на дијаспората ќе важат до крајот на 2021 година