20 Април, 2024
0.0474

Почнува конкурсот за текстови што ќе бидат дел од проектот „Современи бајки од Македонија“

Објавено во: Мои пари 02 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

 Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“ го објави конкурсот за новосоздадени бајки за проектот „Современи бајки од Македонија“. На конкурсот кој е објавен денеска и ќе трае до 17 август 2020 година, можат да конкурираат сите автори кои сакаат својата креативност да ја изразат преку пишаниот збор наменет за најмладите.

Според условите на конкурсот, авторите треба да испратат текст во должина од најмногу 6500 карактери или 1200 зборови што одговараат на 3,5 страници во „Ворд“ (MS Word). Авторите треба да имаат предвид дека победничките бајки ќе се илустрираат, така што текстот треба да биде соодветен за натамошна креативна илустрација. Заинтересираните автори можат да конкурираат со своја автентична бајка или, пак, со креативна адаптација и прераскажување на бајки од фолклорната традиција. Пристигнатите бајки на овој конкурс, не смеат да бидат претходно објавувани.

Сите заинтересирани автори треба да ги испратат своите бајки на адресата bravosine@arslamina.com, најдоцна до 17 август 2020 година, а конкурсот ќе може да се најде на www.bravosine.mk; www.arslamina.comи www.literatura.mk. Поединечната награда за откуп на авторските права на една бајка ќе изнесува 25.000 денари. По завршување на конкурсот сите пристигнати текстови ќе бидат оценети, а до крајот на септември 2020 година ќе бидат објавени избраните бајки.

Новиот конкурс е дел од проектот „Современи бајки од Македонија“, што го реализираат Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Целта на овој проект е креирање на можности за авторите кои сакаат да пишуваат литература за деца и млади. Организаторите на конкурсот ги охрабруваат сите заинтересирани лица да земат учество на овој конкурс преку своите креативни текстови.

„Современи бајки од Македонија“ следи по големиот успех на претходните изданија „Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“. Тоа беше поттик за новата иницијатива за проектот „Современи бајки од Македонија“ за да се даде можност на новите креативни автори, но и да се придонесе кон креирање на навики за читање кај најмладите, преку содржини кои ќе поттикнат љубопитност кај нив. Во рамките на оваа соработка е издадена и бајката за деца „Мистериозното јајце“ на авторот Оливер Коларевски.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови, го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија – Иво Лауренчиќ, кој во текот на целиот свој работен век им даваше огромна поддршка на младите и ги поттикнуваше да го изразат својот креативен потенцијал.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга